Change language to: enEnglish (English)

Како и секоја година, како и на секој саем, нашиот бурек остави огромен впечаток. Нашето присуство, нашиот перформанс, правењето бурек во живо, не може да останат незабележани.
Повеќе од 170.000 посетители и повеќе од 7.500 изложувачи од 106 земји, имаа шанса да се запознаат со нашиот производ иако на многумина веќе им беше добро познат.
На нашето мени имаше секојдневно свежо испечен бурек, во неколку вкусови и во неколку форми. Долгите редици и среќните лица кои го пробуваа, кажуваа се. Ануга е еден од најголемите и најпосетуваните саеми на светско ниво.

Ова беше огромна шанса за нас да оствариме нови контакти, да го покажеме нашиот производ пред огромна маса луѓе, пред огромен пазар кој ветува огромни можности. Но тука не застануваме, нема одмор, нашиот тим веќе работи напорно за претстојниот саем во Франција кој ќе се одржи во октомври, 2020 година.
Уживајте во фотографиите

 

 

Kadino burek pastry
Kadino burek pastry
Kadino burek pastry
Kadino burek pastry
Kadino burek pastry
Kadino burek pastry

Kadino burek pastry