Change language to: enEnglish (English)

Годинава имавме повторно можност да ги претставиме нашите производи пред америчкиот пазар. Од 23ти до 25ти јуни, бевме присутни на саемот Fancy Food Show кој се одржа во Њу Јорк, кој е еден од најголемите и најпосетените во соединетите американски држави, илјадници и илјадници посетители имаа можност да ги пробаат нашите производи. Покрај тоа што сме веќе присутни на америчкиот пазар, повторно успеавме да оствариме многу контакти кои ветуваат сигурна позиција на полиците низ америчките маркети.

Нашата следна цел е Германија, во октомври ќе бидеме дел од најголемиот светски саем Ануга кој се наоѓа во Келн. Се надеваме на најдобри резултати!

 

Во прилог слики од атмосферата во Њу Јорк.