На почетокот на месец октомври, нашата компанија ќе биде изложувач на најголемиот и најпосетениот саем Anuga, кој секоја втора година се одржува во Келн – Германија.
Кадино Индустри ќе ја претстави својата свежо замрзната програма пред светот, над 170.000 посетители, 7.400 изложувачи од целиот свет ќе имаат можност да ги пробаат нашиот бурек, нашата вртена пита и сите останати производи кои 100% рачно ги изработува нашата компанија, воедно ќе имаат можност и во живо да видат како се изработува и што се е потребно за една пита бурек. Ги повикуваме сите кои ќе бидат присутни на саемот,  од 05 до 09.10.2019 да го посетат нашиот изложувачки простор, да се подружат со нас и секако да пробаат свежо испечен, рачно направен, квалитетен бурек.
Се гледаме на Ануга.