Кој вели дека правењето бурек е само машка работа?

Запознајте ја Марија, вистински професионалец во својата работа.

Кој вели дека за да бидеш одличен бурек мајстор, условот е да си машко?! Марија полека но сигурно го разбива тој мит, заедно со нејзините колешки Елизабета и Ратка, кои ќе ги запознаете понатаму во наредните текстови.
Пред само неколку месеци започна нејзината обука за правење бурек, за да денес Марија е веќе професионалец во рачното изработување бурек. Оваа обука беше под организација на Кадино Индустри Груп во соработка со Инбокс, обука кој побуди огромна заинтересираност кај оние кои сакаат да го научат старото, вистинско, традиционално рачно изработување бурек. Баш онака како што го изработувале нашите предци.

burek master

Од дваесетина пити дневно, за брзо почна да прави по 80 пити кои ги изработува за неколку часа, без никаква грешка. За вкусот и квалитетот нема да дискутираме, перфектен е во секоја смисла на зборот. Секојдневното усовршување, желбата за учење, добрата атмосфера, одличните услови, умешноста и професионалноста, ја прават само поискусна и подобра во тоа што го прави.

burek master

Околу обуката:

Оваа обука, е одлична отскочна даска за сите кои што сакаат да го научат рачното изработување бурек, да ја зачуваат нашата традиција, и најважно, за сите кои сакаат стабилна и добро платена работа. Накратко, обуката се состои од краток теоретски и подолг практичен дел, каде што, под контрола на нашите луѓе кои се задолжени за квалитетот во секторот на бурекчии и под окото на нашиот технолог,  имате пракса се додека не се усовршите во правењето бурек, откога ќе се усовршите, имате шанса за вработување кај нас. Доколку сте заинтерсирани, може да ни се обратите во порака на нашата фејсбук страна.

 

Денес тимот од бурекчии на Кадино Индустри Груп, брои триесетина луѓе кои секојдневно се зголемуваат, во одлична пријателска атмосфера, под строго почитувани мерки, секојдневно создаваат уметност со своите раце. Благодарение на нив, го имаме највкусниот, рачно изработен бурек кој секако со помош на нашето специјално брашно, прераснува во прекрасен, вкусен производ, кој успешно го пласираме на пазарот ширум целиот свет.